Следната есен доаѓа редизаjнираниот FIAT Tipo со нови мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот FIAT во текот на следната година ќе се фокусира на електрифицирање на својата понуда, но ќе стигне и редизајнираниот модел Tipo. Овој модел ќе добие нови LED фарови и браници, унапреден ентериер со 10,25 инчен мултимедиски екран, бројни безбедносни системи, но и долго очекуваните нови мотори.

Во план е и новиот 1.0-литарски турбо-бензинец Firefly во верзиите со 100 и 120 коњски сили, а веројатно и 1.3-литарски агрегат со 150 коњски сили во Спорт верзија. Во понудата и понатаму ќе биде и 1.6-литарски турбо-дизел МЈТ со 120 коњски сили, но уште нема информации за воведување на помалиот 1.3-МЈТ. Tipo веројатно ќе добие и хибриден погон со 12V и 48V систем базиран на Firefly мотори.

Освежениот Tipo би требало да се појави следната есен, а во продажбата ќе се најде најдоцна до декември. Иако Tipo бележи пад на продажбата на средина од својот животен циклус, во Fiat и понатаму веруваат дека овој автомобил е способен да оствари добри резултати на пазарот во С сегментот.

Новиот Tipo дебитираше во 2015 година, а медиумите од Италија очекуваат дека ќе успее да остана на пазарот до 2024 година. FCA веќе најави инвестиција од 200 милиони евра во унапредување на производниот погон во фабриката Тофаш во Турција каде што и се изработува. Во Fiat очекуваат редизајнираниот Tipo со својата пристапна цена да собере дел од „колачот“ и во В сегментот до доаѓањето на новото Punto планирано за 2021 година.

Откако следната година ќе престане производството на Alfa Romeo Giuliette, Tipo ќе биде единствнеиот претставник на Италија во С сегментот, не сметајќи ги кросоверите. Тоа е дополнителен адут за Fiat за добра продажба на Tipo, поучени од искуството со Lanciа Ypsilon која бележи рекордни резултати откако остана осамена во В сегментот со повлекувањето на Punto и AR Mito моделот.

Меѓутоа, Fiat ќе мора да направи нова стратегија за продажба и пред сè да го разгледа нивото на цени на својот „Golf“ бидејќи според постоечкиот ценовник не може да се носи со конкурентите во „пристапниот“ сектор како што е Dacia.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK