Слаба побарувачка: Maserati го запира производството

ОБЈАВЕНО НА:

Ниското ниво на продажба и сè послабата побарувачка се причина за Maserati да ги затвори фабриките во Торино и во Модена. Ваквата одлука е дојде поради слабиот пласман на возилата во Кина, па ќе мора и работата да биде намалена.

Моделите Ghibli и Quattroporte нема да се произведуваат во периодот од 15 декември до 15 јануари. Пауза од 20 декември до 15 јануари ќе има за Levante додека за GranTurismo и за Grancabrio од 15 декември до 8 јануари.

„Продажабта оди надолу, а со тоа и инвестициите за новите модели се замрзнати“, вели шефот на синдикатот во Торино, Федерико Белоно.

Ова е веќе вторпат годинава како се запира производството на Levante, а причина за тоа се новите правила за увоз во Кина. Сепак, од компанијта велат дека се надеваат дека ќе успеат да тргнат нагоре особено после претставувањето на GTS верзијата на Levante, која според гласините е опремена со V8 од Ferrari со зафатнина од 3,8 литри и моќност од 570 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK