Скопје со нов рекорд – казнети 401 возач за еден ден

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Куманово постави неславен рекорд со тоа што за 60 минути беа казнети 80 возачи, сега Скопје го презема тој примат, но според вкупниот број на санкционирани прекршители. Според податоците на МВР во текот на вчерашниот ден (02.10.2020) на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 401 санкциja.

Најмногу казни се за непрописно паркирање – 120, а 110 прекршоци биле за пречекорување на дозволената брзина. Меѓу оние што се казнети има и лица што биле фатени за возење без возачка дозвола – 24 лица,

Технички неисправни и нерегистрирани возила имало 19 што биле во сообраќај, а санкционирани се и 21 мотоциклист, 82 возила се подигнати со специјално возило„пајак“, а изречени се 69 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK