Скопје се гради: Проект од 1964 година ќе се реализира сега (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

До 2022 година ќе имаме уште еден мост преку реката Вардар и тунел под Кале со што во Скопје ќе има алтернатива за побрзо движење и поврзување на булеварот „Свети Климент Охридски“ со булеварите „Никола Карев“ и „Македонско-косовска бригада“. Со новото сообраќајно решни ќе може од улица „Водњанска“ до Чаир со автомобил да се стигнува за помалку од пет минути.

Скопје одамна има проблеми со сообраќајниот метеж, чекањето на раскрсници. Со новото решение ќе се овозможи и помалку сообраќчај на крстосницата кај Бит Пазар каде дневно поминуваат и до 90.000 возила.

Со инфраструктурниот проект се опфатени трите фази за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:
– I фаза – изградба на булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;
– II фаза – изградба на тунелот под Кале;
– III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев и булевар македонско – Косовска бригада, со денивелиран кружен тек.

Проценките се дека овој капитален проект ќе чини 30 милиони евра а во употреба би требало да се пушти кон крајот на 2021 или на почетокот на 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK