Екипите на ЈП „Улици и патишта“ реализират пилот проектот за бележење на тродименизонални (3-Д) пешачки премини на повеќе локации низ градот како мерка за смирување на сообраќајот.
Тродимензионален (3-Д) пешачки премин е изведен на улицата „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров.
Овие пешачки премини создаваат оптичка илузија која ги тера возачите да ја намалат брзината на возилата.
Во рамките на овој пилот проект на ЈП „Улици и патишта“, 3-Д пешачки премин беше изведен на улицата „Самоилова“ кај Музејот на современа уметност, а во наредниот период ќе се бележат и други локации низ градот кои се посочени како црни точки.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]