недела, 25 декември, 2025 година

Скопјани со старите навики – за една недела пајакот собра 358 возила

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ако мислевме дека возачите во Скопје се научија на сообраќајна култура, тогаш тоа било само привремено или привидно. Како што почнува се да функционира во градот така продолжуваат и старите навики. Сообраќајната (не) култура повторно се враќа. Се паркира кој каде стигне, се вози лудо, има метеж на улиците…

Во текот на изминатата недела (17.09 – 23.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини потврдуваат од Градот Скопје.

- Advertisement -

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 28 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 330 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 368 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 28 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја