недела, 25 декември, 2025 година

Скопјани се вратија во „нормала“ – неделава пајакот подигна 330 возила

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 330 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 172 се подигнати од страна на ЈП Градски паркинг, а 168 од страна на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Оние возила што ги подигнал пајакот на ЈП Градски Паркинзи, 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 152 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

- Advertisement -

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 168 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 20.07. до 26.07.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 82 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 86 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 319 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја