понеделник, 25 декември, 2025 година

Скопјани се опаметија, казнети се „само“ 272 лица – ама се уште возат брзо

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

За разлика од претходните денови кога беа казнети над 500 лица поради различни сообраќајни прекршоци, во текот на вчерашниот ден полицијата во Скопје изрече двојно помалку санкции – 272. Но, останува фактот дека скопјани се уште возат побрзо од дозволеното.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење.

- Advertisement -

Имало и 15 мерки за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 за мотоциклисти. Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја