Скокна добивката на Volkswagen за 44 отсто!

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Volkswagen соопшти дека во првото тримесечје групацијата ја зголемило добивката за 44 отсто бидејќи се вложени напори за скратување на трошоците со цел да се надмине скандалот со лажирање на податоците за емисијата на гасови кај дизелските мотори.
Добивката по оданочување се зголемила на 3,4 милијарди евра во првиот квартал на 2017, во споредба со 2,4 милијарди евра во истиот период лани. Приходите пак се зголемени за 10 отсто, на 56,2 милијарди евра.

Компанијата соопшти дека подобрувањето на резултатите е поради строгата контрола на трошоците, како и продажба на профитабилни модели, и поволен курс на девизниот пазар. Поволни резултати од работењето има кај сите брендови што се дел од групацијата.

Меѓу промените што придонеле за подобри резултати се и подобрување на развојниот сектор, прекин на непрофитабилните модели и подобро реагирање на потребите и барањата на пазарот, пренасочување на други модели и други региони.

Казните и трошоците поврзани со скандалот ја намалија количината на кеш, но и покрај тоа компанијата има „силна финансика основа“. Годинава повторно ги чекаат издатоци поврзани за скандалот. Нето кешот н афирмата е паднат од 3,9 на 2,6 милијарди евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK