Инжинерите и дизајнерите на Skoda се доследни на слоганот “Едноставно умно” (Simpley Clever) кој со децении е дел од чешкиот произзводител.
Последен доказ за ова е последното практично решение за оние кои покрај возила користат и алтернативни начини на мобилност. Иновативното решение се состои во тоа што наместо резервна гума, автомобилите на Skoda може да се купат со специјален додаток за чување на тротинет.
Овој простор се наоѓа во долниот дел од багажникот каде вообичаено се чува резервната гума.
Сепак тоа не е сé. Skoda како додатна опрема нуди и брендиран електричен тротинет за кој е потребно да доплатите само 140 евра. За почетокот оваа опција ќе биде достапна само кај моделите на Scala и Kamiq, a од чешкиот производител наведуваат дека наскоро ќе биде дел од сите модели во понудата.