Актуелната генерација на Skoda Rapid се појави на пазарот во летото во 2012 година, а една година подоцна се појави уште еден модел. Станува збор за Skoda Rapid Spaceback3. Сега е на ред новата генерација на моделот, а од компанијата велат дека ќе биде само во варијантата хечбек. Се очекува автомобилот да излезе на пазарот во Европа и тоа во текот на следната година.
Стилот на новата генерација нема да биде револуционерен и ќе биде повеќе конзервативен. Ќе запази доста од цртите коишто се карактеристични за другите нови модели од старата чешка марка. Засега е јасно дека нема да биде користено името Spaceback.
Новата Skoda Rapid ќе остане компактен автомобил, позициониран на пазарот како конкурент на VW Golf, Ford Focus, Seat Leon и Honda Civic. Hезависно од тоатој ќе ја користи малата модулна платформа на концернот VW – MQB A0. Истата во моментот е основа и на моделите VW Polo, Seat Ibiza, VW Virtus и Seat Arona.
Платформата MQB A0, освен кај новата генерација на Skoda Fabia ќе се користи и кај сериската варијанта на концептот Skoda Vision Х, како и кај совршено новиот модел СУВ.
Се предвидува дека Skoda ќе го понуди новиот Rapid со трицилиндричен, еднолитарски мотор на бензин во варијанти со моќност од 85 до 110 коњски сили, како и со 1,5 литарски бензин моторсо 150 коњски сили и 1,6 литарски дизел. Се очекува подоцна да биде понудена и хибридна варијанта.