Skoda со 620.900 испораки од почетокот на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda Auto забележа испорака на 620.900 нови автомобили во текот на првата половина од 2019 година, што е за 4,9% под минатогоишното рекордно ниво и е како резултат ма сложената пазарна ситуација о Кина. На другите пазари ширум светот, брендот забележа пораст од 1,6% до 495.000 единици.

Од Skoda споделуваат дека во текот на минатиот месец брендот забележа продажба на 112.500 автомобили, а значително зголемување беше забележано низ цела Европа, Во првата половина на 2019 година, компанијата запиша 275.700 реализирани автомобили во Западна Европа (+3.2%), а само во Германија биле купени 99.000 автомобили (+6.5%).

Резултатот за првото полугодие во Централна Европа е 110.400 превозни средства (-4%), а во Источна Европа е 24.500 (+8.3%). На основниот пазар во Кина, Skoda запиша пад од 23.9% до 125.900 автомобили, но забележа подобрување во Русия со 9.6% до 39.800 единици.

Најпродаваниот автомобил на Skoda во првата половина на 2019 година е:
OCTAVIA (185.700), FABIA (97.400), RAPID (77.700), KODIAQ (77.800), KAROQ (73.700), SUPERB (56.800), CITIGO (23.000), KAMIQ (21.400) и SCALA (7.400).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK