недела, 25 декември, 2025 година

Skoda продаде повеќе возила во првиот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во првиот квартал од оваа година, Skoda испорача повеќе од 220.000 автомобили ширум светот, што претставува раст од 5,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Расте и пазарниот удел во Европа, како најважен пазар на Skoda. Ако анализираме поединечно по пазари, Skoda испорача 43.500 автомобили во првите три месеци во Германија, што е и нивниот традиционален најголем пазар (зголемување од 8,9 проценти). На второ место во Европа е Чешка со 20.300 продадени автомобили, каде домашниот производител држи дури 35,2 отсто од вкупниот број регистрации. На третото место е Велика Британија со испорачани 18.400 возила.

- Advertisement -

Светските испораки на единствениот електричен модел, Skoda Enyaq, се зголемија за 12,3 отсто на годишно ниво. Во Чешка, овој теренец стана најпродавано електрично возило во првиот квартал и освои пазарен удел од 17,8 проценти. Во Германија, Enyaq го зазеде второто место со неверојатни 43,7 отсто годишен раст – најмногу од сите пазари – и неверојатни пет проценти удел.

Најпопуларниот модел на Skoda останува Octavia, која претрпе пристоен редизајн пред помалку од три месеци. Во првите три месеци, Skoda испорача повеќе од 61.000 примероци од Octavia, што ја зголеми продажбата на овој бестселер за 36 проценти. Втор најпродаван модел беше Kamiq (28.600 единици), но најголемото изненадување беше техничкиот братучед на Kamiq, Fabia. Овој некогаш исклучително популарен модел од Б-сегментот се искачи на третото место на продажната табела на Skoda со 27.600 испораки, надминувајќи ги конвенционалните теренци Karoq и Kodiaq.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја