Skoda потврди: Ќе има нова Fabia – без дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Преку својот нов извршен директор, Томас Шефер, Skoda потврди дека компанијата ќе произведе нова генерација на Fabia. Всушност, згора на тоа, моделот веќе е во фаза на развој.

Шефер коментираше за медиумите дека веќе управувал ран прототип на автомобилот и бил прилично импресиониран од она што го покажал. Според него, тој едвај чека да се прикаже четвртата генерација на Fabia.

Големата вест за моделот е дека тој ќе биде поставен на платформата MQB A0, што е основа и на SEAT Ibiza и Volkswagen Polo. Ова ќе му овозможи на хечбекот пристап до многу нови технологии што претходно не биле достапни.

Дизел моторите скоро сигурно ќе бидат исфрлени од палетата Fabia. Истото, најверојатно, ќе се случи со верзијата караван, која практично нема конкурент во Б сегментот во Европа.

Новата Fabia се очекува да се појави за прв пат во 2021 година и продажбата може да започне летото следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK