сабота, 25 јули, 2025 година

Skoda одбележува 130-годишнина со ексклузивен рачен часовник Laurin & Klement

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Чешкиот производител на часовници Prokop & Broz создаде лимитирана серија од 130 парчиња инспирирани од реткиот спортски модел Laurin & Klement BSC од 1908 година, во чест на 130-годишнината на Skoda Auto. Првите часовници ќе бидат испорачани во септември, и ќе бидат достапни на избрани европски пазари.

Оваа лимитирана серија е заедничка прослава на занаетчиската прецизност и техничката традиција, и е создадена во чест на основањето на компанијата Laurin & Klement, претходникот на денешната Skoda Auto. Моделот BSC од 1908 година, кој денес е дел од музејската збирка во Млада Болеслав, послужи како директна инспирација за часовникот. Станува збор за чисто механички модел, кој претставува спој на традиционално часовничарство и автомобилска естетика.

- Advertisement -

„Во рамки на прославата на 130 години Skoda Auto, подготвивме неколку исклучителни соработки кои ја нагласуваат нашата богата историја и чешката занаетчиска умешност. Една од нив е соработката со брендот Prokop & Broz. Резултатот е лимитираната серија Laurin & Klement 130, која одлично го комбинира часовничарскиот талент со нашето наследство,“ изјави Мартин Јан, член на Управниот одбор на Skoda Auto за продажба и маркетинг.

Дизајнот на часовникот директно се поврзува со Laurin & Klement BSC од 1908 година – еден од највредните експонати во музејот на Skoda. Од овој модел е преземена и позицијата на секундарната стрелка, поставена под 12 часот, како и формата и материјалот на главните стрелки, калени во темносина боја. Секој часовник е нумериран и изработен рачно, со дизајн инспириран од естетиката на 19 век.

Круната на часовникот е ласерски гравирана со логото на Laurin & Klement – истото што се наоѓа на радијаторот на оригиналниот автомобил. Лимитираната серија ќе биде достапна во две варијанти: првите 30 парчиња ќе бидат изработени со куќиште од 18-каратно злато, додека преостанатите 100 ќе бидат од не’рѓосувачки челик. Каишот е во боја што потсетува на кожата што се користела за затегнување на платнениот покрив на BSC.

Единствениот преживеан примерок од Laurin & Klement BSC е гордост на музејот на Skoda и беше темелно реставриран со оригинални делови, вклучувајќи го и моторот со автентичен сериски број од 1908 година. Моделот BS има особено значење во историјата на брендот, со карактеристичен in-line мотор и различни каросерии што одговарале на потребите на тогашните клиенти.

Со овој часовник, Skoda не само што ја слави својата историја, туку и повторно ја поврзува автомобилската и часовничарската традиција во еден уникатен проект.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја