Skoda Octavia, со еден резервоар помина 1298 километри (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Серијата CarThrottle, го следи животот на стара Skoda Octavia на над 700.000 километри, а во една од епизодите може да се види како момчињата од екипата го изминуваат растојанието од 1298 километри со само едно полнење на дизеловиот седан кој има 60-литарски резервоар.

Многу интересно е тоа што во рамките на тој резервоар, машината дури изминува и еден круг на пистата Нирбургринг, а тоа не се одразува добро на економичноста. Крајната сметка е дека средната потрошувачка за целото патување изнесува 3,8 литри на 100 километри, иако борд компјутерот вели 3,3 литри на 100 километри.

Во претходните епизоди разбравме дека возилото имало два сопственици досега, а и двајцата се грижеле перфектно за автомобилот. Цената при последната продажба била на минимални 200 фунти.

Многу важно е да се одбележи дека амортизерите, издувниот систем, моторот и турбото се во оригинална состојба и не биле сменети, ниту бил извршен ремонт. Автомобилот излегол од фабрика со 90 коњски сили, но во текот на годините добил нов софтвер за управување на моторот, додека моќноста била зголемена на 130 коњски сили.

Најгрубо кажано, оваа Octavia успеала да стигне до Месечината и се вратила назад или 17 пати свртела околу Земјата. Се разбира, сите компоненти не работат, но ништо механичко не покажува потрошеност. Проблеми има кај кревачите на стаклата, климата и отворањето на вратите, но тоа се проблеми кои се лесни за поправање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK