Skoda Octavia e побрза од Ferrari 458

ОБЈАВЕНО НА:

На тркачка патека ова веројатно е тешко остварливо, но на култната планинска патека Transfagarasan можно е RS верзијата на Octavia да биде побрза од Ferrari 458.

Романски возач го собори рекордот на планинската патека во Романија што досега ја имаше еден Италијанец со Ferrari 458 Italia.

Оваа планински пат во Романија е еден од најспектакуларните на светото. Според некогашниот водител на емисијата Top Gear, Кларксон станува збор за најдобриот пат за возење. Рекордот на патеката беше поставен минатата година од страна на италијански возач. Но, брзо стигна одговорот, и тоа од Skoda Octavia RS.

octavia-rs-glavna

Патеката е долга 12,3 км., а Италијанецот Фабрио Бароне ја извозе за 9 минути и 13 секунди. Тој е познат токму по соборување на рекорди на разни патеки.
Минатата недела Романецо Андреи Митраска постави нов рекорд, и тоа за 47 секунди подобар, па истата патека ја извози за 8 минути и 26 секунди.

За сѐ да биде регуларно околу соборувањето на рекордот задолжена била романската автомобилистичка федерација, која го мерела овој подвиг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK