Во пресрет на премиерата закажана за следниот месец, чешкиот производител Skoda ги претстави скиците за концептот Vision In Concept.
Станува збор за мал SUV димензионално идентичен како и Skoda Kamiq. Должината изнесува 4,26 метри, а се базира на MQB A0 платформата.
Се очекува во понудата да биде достапен со 1,4 TSI и 1,8 TSI бензински мотор како и 2,0 TDI дизелски мотор.
Не се познати многу детали за овој концепт, но со оглед на тоа што премиерата е закажана за саемот за автомобили во Делхи, Индија, овој модел најверојатно ќе биде понуден само на овој пазар.