Skoda не сака „самоубиство“ – засега без понуда во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Додека во Skoda се уште размислуваат за лансирање на моделите во САД, од нивната компанија мајка – Volkswagen сметаат дека ваков потег би значел „самоубиство“.

Висок член во бордот на VW неодамна за медиумите изјавил дека ваквата идеја е едноставно луда и нема смисла.

„Ние можеби сме луди, но не и целосно. Влегување на така голем пазар за непознат бренд, модели што најмногу се фокусирани на Европа, и непостоење на дилерска мрежа и чисто самоубиство. Од друга страна и последните случувања за Volkswagen во Америка значи и дополнителни проблеми, изјавил членот на бордот на VW.

Без одобрение од германските господари, Skoda нема шанса да се појави преку океанот и ќе остане фокусирана на европскиот пазар. Сега главен производ на Skoda е Kodiaq SUV, што треба да им помогне да „грабнат“ дел од колачот во сегментот кој постајано расте. Иако испораките на Kodiaq се уште не се почнати, веќе има најави за купе варијанта што треба д адебитира на саемот во Шангај в година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK