Skoda Kushaq премиерно на 18 март

ОБЈАВЕНО НА:

Уште во јануари Skoda најави дека премиерата на новиот мал кросовер модел Kushaq ќе се случи во март. Сега, официјално е соопштен точниот датум, а тоа е 18 март за кога е закажана он-лајн премиерата.

За овој модел познати се многу технички карактеристики. Така, Kushaq се базира на MQB-A0-IN платформата и е специјално развиен за пазарот во Индија. Должината изнесува 4.256 мм, висината 1.589 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.651 мм.

Под хаубата доаѓа со 1,5 литарскиот TSI бензински мотор кој продуцира 150 КС. Во комбинација доаѓа и со мануелен и со автоматски DSG менувач. Индијците ќе може да го одбираат и помалку моќниот 1,0 литарски трицилиндрен агрегат како и верзијата на CNG.

Познато е и дека овој модел ќе биде достапен исклучиво во Индија. Всушност со овој модел започнува и втората фаза од имплементацијата на стратешкиот план на Skoda со кој чешкиот производител треба да прерасне во водечки бренд на Volkswagen Групацијата во Индија.

Во моментов во оваа земја Skoda ги произведува моделите Superb, Octavia, Rapid, а од вторатап оловина годинава ќе започне и производството токму на овој кросовер кој ќе се произведува во фабриката во Аурангабад.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK