Skoda Kodiaq има GT верзија (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата верзија на Skoda Kodiaq – GT веќе се појави на интернет каде што се презентирани првите фотографии, а од она што може да се забележи со каросерија во форма на купе. Се смета дека премиерата на моделот ќе биде направена до крајот на оваа година, па останува уште дотерување на возилото.

Однапред Kodiaq GT се одликува со нова форма на предниот браник, а одзади освен новата форма на купето се појавуваат исто така и нов браник и нови стоп светла.

Kodiaq GT е со должина 4633 мм, ширина од 1883 мм, додека висината е– 1649 мм. Тоа знали дека GT верзијата е 63 мм пократка и 27 мм пониска од обичниот Kodiaq. Растојанието меѓу оските останува без измени и е 2791 мм.

Најверојатно основниот мотор во понудата на Kodiaq GT ќе биде 2.0-литарскиот бензинец во две варијанти на моќност од 186 и 220 коњски сили.

Со оглед на тоа што Skoda на практика немаше проблеми со „Дизелгејт“, може да се очекува дека брендот од Чешка ќе понуди и TDI за Kodiaq GT.

https://www.youtube.com/watch?v=QgngUsyT4bo

Менувачот ќе биде седумстепен и роботизиран со два соединувачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK