На интернет се појавија нови фотографии од новиот модел на чешкиот бренд. Станува збор за сериската верзија на кросоверот во форма на купе, Kаmiq GT, а премиерата на истиот е закажана за 4 ноември годинава.
Фотографиите на автомобилот немаа камуфлажа, а беа распространети од страна на кинескиот портал „Аutоhоmе“. Веќе е најавено дека ќе стартуваат продажбите на новото SUV во форма на купе со име Skоdа Kаmiq GT.
Во основата на Skоdа Kаmiq GT е вклучена платформата PQ25, на која се прави и Rаpid. Тоа е најчувстителната разлика од европската Kаmiq, која се прави на значително поновата и модерна платформа MQB.
Што се однесува до параметрите на новото крос купе, Каmiq GT, тоа е со должина од 4.409 милиметри, а растојанието меѓу оските е 2.610 милиметри.
Од стандардниот кросовер Kаmiq, се разликува со новиот дизајн на задните светла и браникот, како и со закосениот заден дел околу таванот.
Познато е дека во понудата на моторите ќе биде вклучен и атмосферсаки мотор со обем од 1.5 литри и моќност од 110 коњски сили. Уште не е јасно дали новата верзија на Kаmiq ќе се продава и во Европа.