Skoda и официјално го заврши производството на најмалиот модел во понудата – Citigo. Ова следи како последица на слабата побарувачка која неколку години наназад покажува тренд на континуирано намалување.
Овој модел чие производство се одвиваше во Братислава воведен е во понудата на чешкиот производител во 2011 година. Истиот во целост ја дели арххитектурата, дизајнот и технологијата на Volkswagen Up и SEAT Mii.
Со цел да ја зголеми продажбата минатата година беше претставена и електричната верзија, но истата генерираше незнаачителна продажба.
Токму и доколку во иднина би се вратил, овој модел би бил достапен како целосно електричен, а дотогаш чешкиот производител ќе се посвети на развојот и производството на димензионално поголеми возила.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]