Skoda го започна производството на Superb iV

ОБЈАВЕНО НА:

Во својата фабрика во чешкиот град Квасин, Skoda го означи стартот на Superb iV, првиот електричен автомобил на Skoda со што и официјално започнува новата ера на чешкиот производител.

“Почетокот на сериското производство на Skoda Superb iV е голем чекор во иднината. Последните неколку месеци напорно работевме на почетокот на plug-in хибридно производство во Квасин” изјави меѓудругото Михаел Оељеклаус, член на бордот на директори и задолжен за производство и логистика во Skoda.

За потребите на овој модел, Skoda во оваа фабрика инвестираше околу 12 милиони евра во реновирање на производствени одделенија. Дополнително направена е и обука на сите 5.500 вработени кои се вклучени во производството на овој модел.

Што се однесува до самиот модел, тој е опремен со 1.4 литарски TSI бензински мотор и дополнително, елекричен мотор кој заедно комбинираат 160 kW односно 218 КС. Со едно полнење на батеријата овој автомобил може да помине 56 км, а заедно со бензинскиот мотор и до 930 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK