Skoda се реши да ја намали малку жедта на фановите на чешкиот производител прикажувајќи ги официјалните скици од новата генерација на Octavia.
Од скиците може да се види дека новата генерација ќе биде слична на досега претставените рендери на интернет. Со многу пооштри линии, но следејќи ја актуелната дизајнерска филозофија, новата Octavia дефинитивно ќе биде носител во понудата на чешкиот производител.
Неофицијалните информации покажуваат дека новата Octavia ќе биде за 2 цм подолга во однос на онаа од актуелната гнерација, додека пак меѓуоскиното растојание останува непроменето. Од претходно е познато дека овој модел се темели на новата MQB платформа.
Официјалото претставување на овој модел е закажано на 11 ноември во Прага кога по овој повод ќе биде организиран и специјален настан.
Но, папрацо фотографите веќе одмна ги имаат направено фотографиите на моделот што веќе се тестира и што треба да биде наследник на Octavia.