Skoda Enyaq 2025 – Откриена внатрешноста на популарниот BEV „теренец “

ОБЈАВЕНО НА:

Ке се обидеме детално да го посочиме дизајнот, употребените „трикови “, како и технологијата на овој фејслифтинг на популарниот електричен SUV модел на чешката марка...

Skoda Enyaq доби големо дотерување во последните недели. Новите карактеристики вклучуваат не само ревидирана палета на мотори и некои нови козметички промени, туку и ентериер со нов дизајн и, пред сè, нова технологија. Не е ревидиран само традиционалниот теренец на Skoda Enyaq, туку и Coupе варијантата.

Детално ги претставуваме сите промени во внатрешноста во овој текст кој треба да послужи како вовед во претставувањрот на новината од Млада Болеслав.

Skoda Enyaq: контролната табла
Дизајнот на контролната табла во фејслифтот на Enyaq се заснова на оној на поновите Skoda како што се Superb и Elroq. И овде Skoda се потпира на минимализмот: 5-инчен инструмент табла за најважните информации и нов 13-инчен екран за инфозабавниот систем.

Тука има нов интерфејс и ажурирани функции. Ова вклучува дополнително рафиниран систем за помош при паркирање кој може да заштеди до пет различни места за паркирање (што е голем бонус особено во големите градови каде паркинг просторот е еден од поголемите проблеми). Ова му овозможува на Enyaq автоматски да врши маневри. Покрај тоа, централната конзола е редизајнирана. Има нови ленти и ново уредени мали прегради.

Skoda Enyaq: Материјали и изработка
Skoda Enyaq фејслифт нуди и избор од различни внатрешни конфигурации. Секој од овие „Дизајн Избори“ (Design Selections) менува одредени детали за внатрешноста, вклучувајќи тапацир и апликации. Чесите потврдуваат избор на веганска кожа и разни ткаенини направени од одржливи материјали.

Тапацирани елементи, особено во видливите области, и хармоничниот контраст на боите прават ентериерот да изгледа жив и модерен.

Skoda Enyaq: просторност и багажник
Чувството на простор и волуменот на багажникот остануваат непроменети. Во ново обработениот Enyaq, задните патници уживаат во доволно простор за нозете и главата благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,77 метри.

Дополнително, рамниот под без централен тунел придонесува за удобноста на третото седиште во средината на задната клупа. Нема отвори за климатизација и нема опција за загревање на задните седишта.

Багажникот е еден од најголемите во сегментот, кој нуди минимален волумен од 585 литри (570 литри во Enyaq Coupé) и максимална зафатнина од 1.710 литри (1.610 литри во Coupé верзијата).

Постојат различни куки (за закачување) за подобро складирање на кеси. Има дури и стругалка за мраз интегрирана во задната врата. И додека сме на тема „Simply Clever“ решенија: Skoda исто така потврди дека може да се смести чадор во возачката врата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK