Skoda доби блиндирана верзија на Superb

ОБЈАВЕНО НА:

Англискиот дел од Skoda го создаде првиот модел во историјата на брендот кој е целосно блиндиран. Како база на изработката на уникатниот автомобил е користен Suberb Estate. Работата траела три години, а не се разликува од стандардната верзија. Сепак, на возачот и на неговите сопатници им дава заштита од куршуми и екслозии.

Блиндираната Skoda Superb е создадењна благодарение на користењето на специјални стакла, како и на интегрирањето на елементи направени од висококвалитетен челик и композит. И покрај сериозните промени, ентериерот на автомобилот го има зачувано својот познат простор и функционалност.

Дополнителни проблеми биле исто така направени и кај суспензијата и сопирачкиот систем на возилото. Монтирани се и специјални гуми, кои гарантираат движење дури и кога сите четири се дупнати, а се поддржува и синхорнизација на мобилните телефони преку Apple CarPlay и Android Auto.

Овој модел има дволитарски TDI дизел мотор со 190 коњски сили, а едно вакво возило чини 118.688 фунти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK