Компанијата Skoda го објави лансирањето на новата апликација за мобилни телефони (Android и iOS) – Skoda Connect, која ќе ги обедини функционалностите на претходно познатите апликации за мониторинг и далечинска контрола на брендот Skoda Connect и Skoda OneApp.
Од Skoda велат дека новата апликација ќе им понуди на корисниците нови функции и удобности, а притоа и можност за синхронизирање на други уреди, како што се и умни часовници.
„Постојано работиме на подобрување на нашите дигитални апликации, како и апликации за мобилните телефони. Обновената пликација Skoda Connect ги комбинира функционалностите на претходната апликација Connect и на Skoda OneApp во едно заедничко и уредно решени“, вели Алан Фаби, кој е член на Управниот борд на одделено за продажба и маркетинг на Skoda.
До овој момент корисницните на апликацијата за мобилни телефони на Skoda требаше да избираат меѓу две понуди. Едната е старото Skoda Connect, кое нудеше можност за дистанциско управување на заклучувањето, инфоромација за локацијата на автомобилот, активирање на климата идруго. Втората е Skoda OneApp, која бара SmartLink+ технологија и директна врска со борд системот.