Први скици од новиот Skoda Kodiaq RS

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Skoda веќе овозможија јавноста да биде запознаена со новиот и прв спортски СУВ на брендот – KODIAQ RS, кој првпат ќе биде виден за време на саемот во Париз.

Веќе се објавени две скици од моделот KODIAQ RS кои ги нагласуваат надворешните делови на СУВ моделот, а голем дел од нив се направени со сјајни црни линии.

Од Skoda споделуваат дека KODIAQ RS ќе се разликува од стандардната верзија со новите преден и заден браник, стандардните целосно диодни предни светла, новата RS, а секој примерок на автомобилот ќе биде опремен со 20 инчни алуминиумски бандажи.

Новиот спортски SUV на SKODA, кој ќе се нуди со седум седишта е опремен со четирицилиндричен дволитарски TDI дизелов biturbo мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 239 коњски сили и максимален вртежен момент од 500 Нм.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK