Скапи или евтини гуми – Што е подобро да изберете?

ОБЈАВЕНО НА:

Ова прашање е многу интересно, а одговорот на него не е единствен. Предвид, сепак, треба да се има бидејќи според платата на просечниот Македонец  тој повеќе е насочен кон гуми од „Втора лига“. Подобро е да се земат евтини нови гуми отколку употребувани од премиум бренд.

Кинеските гуми исто така не се за занемрување бидејќи тие ги држат најниските цени, но иако нивниот квалитет се подобрува со секоја измината година сè уште не се на нивото на кое се гумите од веќе докажаните производители.

Затоа, ако реномираните брендови за гуми се скапи, тогаш не е лошо да се ориентирате кон таканаречената „Втора лига“. Индустријата во сферата на автомобилските гуми се развива доста брзо и непрекинато излегуваат нови технологии. Сепак, гумите кои биле лидери во тестирањата пред неколку години исто така не се за занемарување. Тие сè уште се продаваат како нови, само што се под други брендови.

Големите конценрни пуштаат продукција на пазарот под неколку брендови. Главните и многу скапи се под брендовите Continental, Goodyear, Michelin, Nokian и Pirelli. Тие се несомнено најдобри, но чинат многу пари. А во „Втората лига“ се позиционирани поевтините и поедноставните гуми кои компаниите ги продаваат под други брендови.

Така на пример ако сте фан на Michelin ќе треба да насочите повеќе внимание кон брендовите Kleber, Kormoran, BFGoodrich и Tigar. Место Goodyear и за помалку пари можете да купите Sava, Fulda или Debica. Continental пак постарите технологии ги нуди под брендовите Matador, Semperit и Uniroyal, додека Nokian и Pirelli – како Nordman и Formula.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK