Во писмото до американската Федерална Трговска Комисија кон крајот на минатата недела, американските сенатори Рон Вејд и Едвард Марки открија дека автомобилските компании Honda и Hyundai ги продавале личните податоци за возачот на Verisk Analytics, брокер за податоци, за изненадувачки мал профит.
Во изминатите неколку месеци, производителите на автомобили беа под зголемена контрола во врска со нивните политики за собирање податоци и како тие добиваат согласност да ги споделат тие информации со трети страни. Истрагата откри дека некои производители на автомобили продавале информации за возачот на брокери за податоци, кои ги обработувале и ги продавале на осигурителни компании.
Според писмото, Honda споделила податоци од 97.000 возила со Verisk помеѓу 2020 и 2024 година. Сопствениците кои се определиле за програмата за повратни информации за возачот на Honda преку мобилната апликација на компанијата, ги откриле своите податоци на аналитичката компанија, која на Honda и платила 25.920 долари – или само 26 центи по автомобил.
Според американските сенатори, Hyundai продал значително повеќе податоци на Verisk помеѓу 2018 и 2024 година за потрошувачите кои ја овозможиле интернет конекција на нивниот автомобил, автоматски запишувајќи ги тие возачи во програмата Driving Score на производителот на автомобили „без да им каже“, велат американските сенатори.
Корејската марка продаде податоци од 1,7 милиони возила за околу 1 милион долари или 61 цент по автомобил. Во април, Verisk го исклучи производот, кој ги оценува возачите според нивните навики за возење врз основа на податоците од автомобилите поврзани на Интернет. General Motors исто така продава податоци од корисници запишани во програмата Smart Driver на Verisk; сепак, компанијата не го откри бројот на вклучени автомобили или платената сума.