Од прес службата на Hyundаi ја објавија првата фотографија од следната генерација на најмалиот модел во својата понуда. Официјалното деби на третата генерација i10 ќе се биде на саемот во септември во Франкфурт.
Ако се суди според најавата, градското супер мини ќе добие доста поагресивен дизајн со нова решетка на ладилникот, со заоблени халогени и триаголни влезови за воздух на браникот. Сериската верзија не е познато дали ќе има толку „агресивен“ изглед, но очигледно е дека ќе се разликува од сегашниот i10.
Oд Hyundаi велат дека новиот модел ќе добие многу помошни системи, меѓу кои се функциите за предупредување на челен судир и контрола на движењето во лента, а тие ќе бидат вклучени во основната опрема. i10 ќе нуди и безжично полнење за телефони и камера на задниот дел од возилото.
Информацијата за понудата на моторите сè уште нема. Во моментов најмалиот Hyundаi е опремен со 1.0-литарско моторче со 66 коњски сили и 1.25-литарски мотор со 87 коњски сили. Тие можат да се сметаат со петстепен мануелен менувач или автоматик со четири брзини. Има голема веројатност да добие и турбомотор со 100 коњски сили од Kiа Piсаntо.