По заминувањето на Volkswagen од WRC многу од поставените рекорди ќе бид етешко да се надминат. Оставја силна трага во СП во рели. Се надевам наскоро повторно ќе ги видиме на макадамот.
Од првото појавување во WRC на релиот во Монте Карло во 2013 година, па се до последното финале во Австралија, рели програмата на Volkswagen постигна завидни резултати рекорди. Германците решија по завршувањето на оваа сезона да се повлечат и да побараат друг тркачки предизвик.
На крајот од ерата на Volkswagen, еве некои од позначајните постигнувања.
Победи
Триумфот во Австралија беше 43. за Volkswagen Polo R. На 52 рели трки процентот на победи е 82,69 отсто.Дури 20 пати имале „еден-два“ победа, а еднаш и „тројна“.
Етапни победи
Volkswagen победил на 640 од вкупно 958 етапи на кои стартувал Polo R. Возачите на Volkswagen биле меѓу првите тројца дури 1.570 пати, и 109 пати имале „еден-два“ победи.
Подиуми
Volkswagen постигнал 87 подиуми на 52 трки. Од тоа 43 пати победиле, 26 пати биле второпласирани и имале 18 трети места.
Специјални етапи
Од 51 специјална патека, на 39 се радувале возачите на Volkswagen. Оствариле 27 втори места, 26 трети и четири 1-2-3 триумфи.
Индивидуални настапи
Вкупно 152 индивдуални настапи во WRC, толку имаал возачите Ожије, Латвала и Микелсен
WRC бодови
На лидерското место во конкуренцја на возачи Volkswagen бил 968 дена, и тоа двоецот Себастијан Ожије / Јулиен Инграсиа, а во конкуренција ан производители дури 1.346 дена на првото место.
Победничка низа
Volkswagen го поседува рекордот на најдолга побендичка низа. Победи на 12 рели трки по ред во две ситуации. Првпат од релито Австралија 2013 до релито Финска во 2014, а вторпат од релито Португалија 2015 до Мексико 2016.