Сите возила на Cadillac стануваат електрични за десет години

ОБЈАВЕНО НА:

Поголемиот дел, ако не и сите модели на Cadillac на General Motors Co до 2023 година ќе станат електрични, а ова го најавува и раководителот на луксузниот бренд, Стив Карлајл.

Тој посочува дека Cadillac е на пат да постигне „лесен двоцифрен“ раст на продажбите во Кина во 2019 година и покрај падот на автомобилскиот пазар во земјата, кој е најголемиот во светот. Продажбите на автомобилите од овој бренд во САД исто така се зголемија годинава и тоа е првпат од 2013 година.

Cadillac сигнализираше порано за префрлање кон електрични модели. Карлајл потврди дека ќе се подготвува поголем електричен спортски СУВ автомобил, кој е сличен на Escalade. Понудата на автомобили со внатрешно согорување ќе зависи од потребата.

GM очекува да почне производството на големиот СУВ до крајот на 2023 година во фабриката во Детроит. Луксузниот бренд на компаниајта планира да го претстави компактниот електричен СУВ во Кина во 2022 година.

Cadillac го претстави својот концепт за електричен СУВ порано годинва. Тогаш стана јасно дека автомобилите ќе бидат крстени се имиња, како Escalade место со добро познатите комбинации од букви и бројки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK