Клиентите на компанијата Apple се пожалиле дека е откриен дефект кај сите генерации на умните часовници Apple Watch. Проблемот води кон оштетување на дисплејот. Конкретно екраните се несигурно закачени за другиот дел од часовникот, па има големи вибрации што е причина за дефекти.
Уште поинтересно е тоа што дури и да се со гаранција, од компанијата не сакаат да признаат дека има проблем и истиот бесплатно да го отстранат. Тие одрекуваат дека има недостаток и се оправдуваат дека е дојдено до тоа при транспорт.
Според обвинителите, луѓето од Apple се допро запознаени со дефектот и покрај тоа не преземаат мерки за негово отстранување. Сумата која се бара во тужбата е 5 милиони долари.