Трендот што постои во последно време е насочен кон моторорите со внатрешно согорување, и особено против дизелите за кои се смета дека многу повеќе од она што се смета ја загадуваат околината. Но, тоа е за патничките автомобили. А што е со повеќенаменските комбиња што се користат за разни намени, за работа, слободно време, транспорт. Има и такви што се во форма на специјализирани возила за транспорт н алуѓе и товар, амбулантни возила, полициски итн.
Според податоците на Здружението на автомобилски производители во Европа (АCEA), на континентот има 39 производни комплексот, во кои се составуваат различни модели на комерцијални возила до 3,5 тони. Во моментов има околу 29.000.000 такви возила во Европа, при што само 1,9 милиони нови регистрации (+ 12%) се пријавени само во 2016 година.
Во исто време, во изминатата година беа произведени 2,2 милиони единици, а 96% од продажбата минатата година беа на автомобили со дизел мотори. Просечните емисии на CO2 во сегментот се 164 грама на километар, а вкупната просечна возраст на Европскиот возен парк на комбиња е 10,7 години.