Сите нови модели на Groupe PSA ќе имаат и електрифицирана варијанта

ОБЈАВЕНО НА:

Од Groupe PSA објавија информација која вели дека сите нови модели на брендовите Peugeot, Citroen, DS, Opel и Vauxhall, кои ќе бидат лансирани на пазарот во текот на 2019 година ќе се нудат и во целосно електрична верзија или со plug-in хибридна верзија, чија емисија на CO2 ќе биде под 49 грама на километар.

Воедно од Groupe PSA исто така соопштуваат и дека во период од само две години компанијата ќе лансира и 15 нови електрифицирани возила, а првите од нив ќе бидат DS 7 Crossback e-tense 4×4, Peugeot 508 и 508 SW, Citroen C5 Aircross и Opel Grandland X, како и седум електрични со пионерот DS 3 Crossback e-tense.

„Нашата офанзива на производи е веќе лансирана и 100 проценти од линиите на Peugeot, Citroen, DS, Opel и Vauxall ќе бидат електрифицирани до 2025 година“, велат од Groupe PSA.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK