Сите модели на BMW ќе имаат електрична верзија до 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

BMW потврди дека сите нивни модели ќе имаат и електрична верзија до 2020 година, но компанијата останува посветена дека на овие модели нема да им недостасува она што сега го нудат – ултимативни мотори и одлично возачко доживување.

Извршниот директор на BMW Group, Харалд Кругер за магазинот Car and Driver изјави дека нема конфликт меѓу електрификацијата на нивните модели и она што тие досега го нудеа, одлично возачко искуство и динамична шасија. Со додавањето на дополнителна сила со електрифакцијата, ќе се додаде нов елемент во возачкото уживање.

Компанијата ќе понуди многу електрични возила на батерии, хибриди и плаг ин моделит до 2020 година, но ова нема да биде повеќе од 20 отсто од продажбата до 2025 година. Кога ќе дојде време возилата на хидрогенски келии ќе бидат додадени во нивнат апонуда, и ќе се почне со најголемите и најлуксузни возила во нивната флота.

Покрај вклучувањето на најновата технологија при електрификацијата, BMW ќе го зголеми нивниот автономен систем на возење во флотата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK