Сите М модели на BMW ќе се еликтрифицираат до 2030 година

ОБЈАВЕНО НА:

По веста дека Mercedes ќе започне со електрификација на AMG моделите, и BMW излезе со идентични планови. Шефот на М дивизијата на BMW, Френк ван Меил, во рамките на еко настан изјави дека сите BMW модели со назнака M ќе бидат електрифицирани и тоа до крајот на следната деценија, односно најдоцна до 2030 година.

Електрификацијата како што пренесуваат од магазинот Car and Driver, а повикувајќи се на изјавата на Меил, нема да се спроведе преку ноќ туку истата ќе се спроведува чекор по чекор. Сепак, Меил одбил да изјави кога ќе биде претставен првиот електрифициран M модел, но се шпекулира дека тоа ќе се направи кон крајот на 2020 година.

“Ако тоа го направите предоцна тогаш тоа е премногу доцна, ако го направите рано тогаш немате доволно технологија за тоа” изјави Меил кој не пропушти да го критикува недостатокот на технологија за електрифицирање потенцирајќи дека сегашните компоненти се премногу тешки за да се вградувани во спортски автомобили.

Ван Меил не ја споменa можноста за целосно електричен М автомобил, но од BМW претходно изјавија дека би можеле да понудат електрично возило со три електрични мотори, од кои секој произведува повеќе од 268 КС (200 kW / 271 КС). Ова ќе му даде на моделот комбиниран излез од преку 804 КС (600 КС / 815 КС), а BMW соопшти дека ова ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч помалку од три секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK