Сите ја чекаме: Следното BMW M5 ќе има над 1000 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на BMW M5 ќе има целосно електрична верзија со над 1000 коњски сили, а ова го тврди списанието од Велика Британија, Саr Mаgаzinе. Суперседанот од Баварија ќе добие батерии од новата генерација и ќе може да поминува над 700 километри со едно полнење.

Следната М-5 ќе продолжи да се нуди со мотор со внатрешно согорување. V-образната осумка ќе биде дел од хибриден погон како во Х8 М со моќност од околу 750 коњски сили.

Целосно електричното BMW M5 ќе има 800 волтна инсталација, два електромотори за задната оска и еден на предната. Секој од нив ќе развива околу 250 кВт (340 коњски сили) така што вкупната моќност ќе достига 1020 коњски сили.

Вака „вооружена“, М-петката ќе забрузва од 0 дo 100 км/ч зa 2,9 ceкунди. Премиерата на моделот е закажана за крајот на 2023 година или почетокот на 2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK