Сите го сакаат: За 24 часа резервирани 20.000 примероци од Tesla Model 3

ОБЈАВЕНО НА:

Специјално за кинескиот пазар, Tesla создаде две нови верзии од моделот 3. Станува збор за RWD Long Range и AWD Performance. При тоа американскиот производител официјално ја отвори книгата за нарачки.

Уште во првите 24 часа интерес за овие верзии покажаа голем број на Кинези, а при тоа на адреса на Tesla пристигнале нешто над 20 илјади нарачки. Се појавија дури и информации дека во минута во просек пристигнуваат и по десет нарачки.

Првата верзија е со погон на задните тркала, додека втората покрај тоа што е на погон на сите четири тркала располага и со два електромотори со што значително се зголемува дометот.

Инаку цената за RWD Long Range верзијата инзесува 339.050 јуани односно 44 илјади евра додека цената за AWD Performance изнесува 419.800 јуани односно 54 илјади евра.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK