Toyo Cork Kogyo Co, а подоцна Mazda, започна да со работа пред точно 100 години. На 30 јанури далечната 1920 година Јухиро Мацуда ја започна приказната за овој јапонски производител.
Во сите овие години компанијата се соочи со бројни предизвици, а преживеа и бројни тешки, економски кризи.
Денес Mazda е синоним за квалитет и совршенство. Иако не експониран како германските и другите јапонски производители (Toyota и Honda). Овој производител со седиште во Хирошима е зачетник на бројни иновации во автомобилската индустрија. Така познатиот ванкел мотор произлегува од работилницата на Mazda, а подоцна овој тип на мотор се произведуваше во многу земји ширум светот, вклучувајќи ја и Германија.
Целосниот развој односно еволуцијата на Mazda автомобилите во продолжение се прикажани во видео од 60 секунди. Уживајте!