Системот за автоматско кочење спасува многу животи (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

На снимката може да се види дека овој систем му спаси живот на едно дете

Автоматскиот систем за кочење на компанијата Volvo може да спаси многу животи бидејќи со помош на камери и сензори може да детектира судир со друго возило или пешак, па на тој начин му овозможува на возачот истиот да го избегне.

Системот прво му сигнализира на возачот преку црвена ЛЕД сијаличка која испушта звук на предупредување, а потоа доколку одоговорот на возачот не биде доволно брз автоматски ги активира кочниците.

Ова делува убаво во теораија, но дали навистина е така користно и на патиштата? Многу возачи се жалеа на АЕБ системот кој често знае да биде многу иритирачки бидејќи ги активира кочниците и тогаш кога за тоа нема потреба односно е многу чувствителен.

https://youtu.be/cJ4qhLNYKf4

На снимката може да се види дека овој систем му спаси живот на едно дете, а тоа е поради прецизната камера, сензорот, контролната единица и системот за кочење. Можно е да се воочат и многу помали објекти од автомобил.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK