Сингапур оди чекор понапред – тестира автономни автобуси во јавниот превоз

ОБЈАВЕНО НА:

Сингапур оди чекор понапред кога се во прашање автономните возила. Според вестите кои пристигнуваат од оваа земја од Југоисточна Азија, започнато е тестирање на автонoмни автобуси и тоа во јавниот превоз.

За почеток автобусите без возач ќе се сообраќаат на две линии се до 30 април годинава. При тоа ќе бидат прибирани најразлични податоци за овие автобуси како и за безбедноста како на патниците така и на останатите учесници во сообраќајот.

Едниот автобусот е долг седум метри и располага со 10 седишта додека другиот е долг 12 метри и располага со 26 седишта. На изработка на автобусите работеа компаниите ST Engineering додека тестирањето го спроведуваат компаниите SBS Transit и SMRT.

Тестирањето на возилата произлегува од националната стратегија која беше усвоена пред некоја година, а која се однесува на воспоставување на сигурен и безбеден начин на развивање а возилата со цел зголемување на безбедноста, но и технолошки напредок на оваа земја.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK