Беше симбол на бивша СФРЈ: Работи што не сте ги знаеле за Yugo

ОБЈАВЕНО НА:

Yugo e автомобилот кој беше симбол на поранешна Југославија и на фабриката Zastava. Иако и денес може да се забележи низ улиците на Македонија и во земјите од поранешна Југославија, сепак, има некои работи кои можеби не сте ги знаеле.

Некои од тие работи се најдоа во книгата на Џејсон Вуица. Тој напиша книга за успоните и падовите на најлошиот автомобил во историјата со оригинален назив: „The Yugo – The Rise and Fall of the Worst Car in History.

Во оваа книга се наоѓаат и дел од работите кои ќе можете да ги прочитате во продолжение, а се однесуваат за автомобилот чиј последен примерок беше произведен на 3 ноември во 2008 година.

1. ИМЕ – На почетокот автомобилот се викаше Zastava 102, а тој назив е користен и во раните извештаи во медиумите во Југославија.

2. ИМЕ – Можеби делува логично Yugo да го има добиено името по Југославија, но наречен е по истоимениот ветар. Слична била и праксата на Volkswagen во седумдесетите години на минатиот век со моделите како што се Jetta и Passat. Пред Yugo називот на возилото бил и Jugo, но буквата Ипсилон влегла во игра за името да биде поразбирливо за купувачите на странскиот пазар.

3. ДИЗАЈН – Yugo го дизајнирале инженерите на Fiat и Zastava vo 1978 година во дизајнерскиот центар на Fiat во Торино. Значително е присуството на идеја од фалениот Fiat 127, кој е прогласен за автомобил на годината во Европа во 1972 година. Меѓутоа, Yugo има нешто пократко растојание меѓу оските и потполно нов надворешен дизајн.

4. ПОЧЕТОК НА ПРОИЗВОДСТВО – Сериското производство почнало во петок на 28 ноември во 1980 година. Тоа е датум одбран за да може првиот примерок да биде готов следниот ден на тогашниот Ден на Републиката.

5. YUGO АМЕРИКА – Еден од главните виновници за доведувањето на Yugo на американскиот пазар е предузимачот Малколм Бриклин, кој меѓу другото во САД го има донесено и Subaru. Ќе остане запаметен по пропаднатиот спортски автомобил Bricklin SV-1.

6. РОБОВИ ИЛИ СЛОВЕНИ – Некои американски политичари се противеле на увозот на автомобилот од комунистичка Југославија тврдејќи дека поради многу ниските цени се работи за дампинг. Можеле да се слушнат и обвинувања дека Zastava ги користи своите работници како робови, што претседателот на Yugo America, Бил Приор го отфрлил во духовит стил со зборовите: „Не користат робовска (slave labor), туку словенска работна сила (Slav labor)“.

7. YUGO МЕСТО ЛИМУЗИНА – Возилото Yugo во САД брзо станал омразен автомобили, но се чини дека барем еден Американец го сакал. Тоа бил амбасадорот на САД во тогашна Југославија, Џон Скалан, кого возачот при крајот на осумдесетите низ Белград го возел со жолто Yugo со американски знаменца на вратите.

8. ПОДОБАР ОД SAAB – Yugo на краш тестовите во САД не се покажал во брилијантно издание, но интересно е дека во краш тестот при брзина од 35 милји на час успеал да ги надмине автомобилите како што се Subaru GL (во категоријата безбедност на возачот) и Saab 900 (во категоријата безбедност на патниците).

9. ДАР ЗА ТИТО – Еден од менаџерите на Zastava, Тома Савиќ вели дека два прототипа на Yugo му биле подарени на Јосип Броз Тито, но не е познато што е направено со нив. Тито порано една Zastava 101 му има подарено на Леонид Брежњев.

10. INNOCENTI KORAL – Yugo покрај разните имиња беше брендиран и како Innocenti Koral. Innocenti е компанијата од Италија која е најпозната по домашните верзии на славното Mini.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK