Сигурно сте ги забележале: Зошто служат ознаките во боја што ги има на гумите?

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат голем број на верзии за потеклото и целта на ознаките со бои на новите автомобилски гуми. Според некои од објаснувањата тие служат за обележување на техниките информации без никакво значење за крајниот корисник, а најпараноичните хипотези гласат дека така производителите ја бележат неисправноста и непредвидливоста на контролата на квалитетот.

Практично логиката вели дека што ознаките се нанесени со боја, која порано или подоцна се брише (обично веднаш после првото монтирање), информацијата која ја носеле имала временска актуелност.

Постојат три типа на симболи во боја. Првиот од нив се тркалезни точки со дијаметар од 5-10 мм, нанесени на бордот на гумите близу до внарешниот раб. Во зависност од бојата (бела, жолта, зелена, црвена итн) тие носат различна информација.
Со жолтите по правило се маркира најлесниот дел од гумата за која е препорачливо да се усогласат со вентилот при првата монтажа, за да се искористат помалку надоместувачки тежини при балансирањето. Се разбира, разликите во тежината на различните зони на квалитетната нова гума се занемарливи така што сличното обележување ја губи актуелноста после првото екстремно запирање.

Круговите со друга боја имаат слично значење. Со црвено на пример се означува најтешкиот дел од гумата која треба да се монтира спроти вентилот. Местата можат да послужат и за ориентир при првата монтажа на новиот автомобил во фабрички услови така што нема да има никаква корист за корисникот или за вулканизерот.

Бројките во кругот, квадрат или ромб нанесни по правило со бела боја на бордот, се знак за премината техничка или квалитативна контрола. Постававувајќи таков печат, работникот во фабриката-производител добива одговорност за соодветноста на производот бидејќи бројот служи за идентификација. Значењето на таквата етикета за крајниот корисник исто така има тенденција кон нула.

Истото може да се каже и за  обоените ленти, нанесени по површината или во каналите. Ова обележување е предмет на повеќе шпекулации, а некои од нив се искрено апсурдни (на пример, дека служат за означување на неисправни производи). Всушност, нивната цел е доста прозаична. Обоените линии служат за брзо препознавање на различните модели и димензии на гумите во услови на складирање при што обично се гледа само површината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK