Компанијата LPLA Partners, која е сопственик на еден од најлуксузните станбени комплекси The Mansions at Acqualina во Сunny Иsles Beach во Флорира продава луксузно живеалиште (пентхаус) со гаража за две возила. Во него идниот сопственик на имотот ќе го очекуваа целосно нови Rolls-Royce Cullinan и Lamborghini Aventador.
Апартманот се наоѓа на простор од 836 метри квадратни, а уште 232 се зафатени од терасите. Живеалиштето располага и со шест спални. Секоја е со сопствена бања, дневна соба, кујна, сауна и отворен базен со стаклено дно. Покрај тоа сопственикот на пентхаусот добива достап до базенот со минерална вода, кино, игралиште за мини голф и спа центар.
Компанијата LPLA Partners веќе извесно време соработува со Rolls-Royce и Lamborghini, па затоа и повеќето сопсвеници на живеалиштата во комплексот возат автомобили од двата бренда.
Кросоверот Cillinan и суперавтомобилот Aventador се бонус за клиентот, кој станува нивни сопственик веднаш штом ќе плати за луксузниот имот. Неговата цена е доста солена и изнесува 38 милиони американски долари.