Шведскиот магазин Teknikens Värld веќе подолго време го спроведува т.н. „еленски скок“. Станува збор за тестирање на перформансите на возилата при нагли движења, а при тоа се испитува целосното однесување на возилата.
Последен од низата возила кој се најдоа на овој тест е Toyota RAV4 кој повторно, како и минатата година покажа лоши перформанси.
На видеото во продолжение може да се види лошото однесување на тестирањето при различни брзини, а единствено го поминува тестот при брзина помала од 63 км/ч.