Возилото тешко 3,3 тона може да мине 300 км. со едно полнење на батеријата
Познатиот американски актер и поранешен гувернер од Калифорнија, Арнолд Шварценегер го претстави првиот целосно електричен Hammer. Истиот бил направен на база на моделот H1.
Официјалната презентација се одржа на церемонија за отворање на Kreisel Electric центарot за истражување. Aвстриската компанија го создаде електричниот автомобил, а нејзиниот сопственик ќе биде холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер, кој е познат обожавател на брендот.
Поранешниот гувернер на Калифорнија лично го возеше автомобилот, а на настанот бил и австрискиот канцелар Кристијан Керн. Развојот на електричниот SUV траел два месеци од страна на експертите на Kreisel Electric, кои имаат солидно искуство во вакви проекти.
Eлектричниот автомобил тежи 3,3 тони и има батерија со моќност од 100 kW/h. и два електрични мотори – една на предната и еден на задната оска. Вкупната моќност на силата е 490 КС и досегот со едно полнење е околу 300 км. Возилото може да развие максимална брзина од 120 км/ч.