Швајцарската агенција за патишта донесе привремена забрана за нови регистрации на SUV возилата на Porsche Cayenne опремени со манипулативен софтвер за управување со дизелот мотор.
Прелиминарната забрана се однесува на моделите Cayenne со 3 литарски дизелски мотори, но не ги засега автомобилите што веќе се регистрирани во Швајцарија, објави агенцијата. Porsche е во сопственост на Volkswagen групацијата која во 2015 година беше откриена како систематски манипулирала со софтверот за управување со моторни возила за да ги измами тестовите за емисии на гасови.
Кон крајот на јули, Германија објави отповикување на моделите на Porsche Cayenne со овој софтвер по пронаоѓањето потенцијално нелегален софтвер за контрола на емисиите во возилата.